СПОРТФУДБАЛ

Баражот во Струмица, борба за последното место во Првата Лига

Завесата се спушта во Прават Футбалска Лига со баражот за опстанок, а во него силите ќе ги одмерат скопски Вардар и Детонит Плачковица од Радовиш.

Вардар имаше турбулентна сезона, есенски дел за заборав и доста подобра пролет под тренерска палка на Горазд Михајлов. „Црвено-црните“ се кренаа и едно време беа над опасната зона, ама немаа сили да го избегнат баражот за опстанок во првенството. Од друга страна е Детонит Плачковица, екипата на Иван Варадиновски која по Беса и Пелистер беше најдобра кај второлигашите.

Што се однесува до меѓусебни дуели, ги имале само два, а кратката традиција е на страната на вардарци. Реми во Радовиш и победа во Скопје (2-0) е скорот на Вардар против Детонит.

Едно е сигурно, а тоа е беспоштедна битка за последното прволигашко место. Пресметката на „Младост“ во Струмица е закажана за во 17:00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button