СПОРТФУДБАЛ

Пиоли: Премиер Лигата би била навистина убава и атрактивна можност

Стефано Пиоли синоќа се прости од Милан по речиси пет сезони. Клубот предвреме ја прекина соработката со италијанскиот стратег и сега ќе го назначи Пауло Фонсека за нов тренер. Пиоли веќе размислува за својата иднина и според него искуство во Англија би било добредојдено.

„Моментално учам англиски и сакам да имам ново искуство во странство. Премиер Лигата би била навистина убава и атрактивна можност, секако“, рече 58-годишниот тренер.

Во својата богата тренерска кариера тој ги водеше и Интер, Фиорентина, Лацио, Палермо, Киево, Болоња и многу други италијански клубови

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button