ТВ АЛСАТФУДБАЛ

Барнабас Варга, е надвор од животна опасност

Унгарскиот фудбалер Барнабас Варга е надвор од животна опасност откако беше изнесен од теренот на носилки на итна медицинска помош, по жестокиот судир со голманот на Шкотска, Ангус Ган, во 68.минута од мечот меѓу Унгарија и Шкотска (1-0) на ЕВРО 2024.

Сцените силно потсетија на инцидентот со Кристијан Ериксен за време на шампионатот пред четири години. Варга ја удри силно главата во телото на Ган во воздушен дуел и борба за топката. Натпреварот беше прекинат повеќе околу 10 минути додека Варга беше изнесен од теренот, опкружен со ќебиња.

Варга ја мина ноќта во клиника во Штутгарт, неговата здравствена состојба е стабилна, а ќе мора да биде опериран поради фрактура на коска на лицето

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button