ВЕСТИСВЕТ

Барние ги почнува консултациите со партиите од центарот и десницата

Новоименуваниот француски премиер Мишел Барние денеска (10 септември) ќе започне разговори со пратеничките групи на центарот и десницата, кои досега не му дадоа целосна поддршка, а прво ќе разговара со пратениците кои го поддржуваат францускиот претседател Емануел Макрон.

Advertisements

Барние вечерва во 19 часот треба да започне разговори со пратениците од коалицијата Заедно за Републиката и со нивните колеги сенатори, пренесува парискиот весник „Фигаро“.

Ова ќе биде првиот тест за Барние, кој треба да обезбеди доволно поддршка во Парламентот пред битката за буџетот, оценува парискиот весник.

Барние денеска ќе има разговори и со министрите за земјоделство и за надворешни работи од поранешната влада, Марко Фесно и Стефано Сежурне, како и со центристичкиот претставник во Сенатот Ерве Марсељ. Барние, кој беше назначен за премиер во четвртокот, ги продолжува консултациите за формирање нова влада.

Социјалистот Жером Геџ смета дека „центарот на гравитација на новата влада неизбежно ќе биде Републиканската партија“. Иако Барние изрази намера да назначи левичарски претставници во составот на новиот тим, Геџ одбива да биде дел од таква влада.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button