СПОРТФУДБАЛ

Баскет Кам, втора година по ред освојуваат Куп на Македонија

Баскет Кам втора година по ред е освојувач на македонскиот кошаркарски куп во женска конкуренција. Во големото финале составот од Македонска Каменица ја совлада екипата на Бадел  1862 со резултат 64-61, после продолжението,  откако регуларните четириесет минути завршија со резултат 58:58, за во дополнителните минути Баскет Кам да биде поуспешен со 6:3.

Пуљизовиќ со 23 и Алексиќ со 15 поени беа најефикасни во победничката екипа, а двоцифрен учинок имаше уште само Тасевска со 10 поени.

Кај „баделки“, Стојановска реализираше 22, а Трајчевска 16 поени. Кристина Пуљизовиќ е избрана за МВП на завршниот куп турнир.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button