ВЕСТИЕКОНОМИЈА

БЕГ ѝ должи на централата „ТЕ-ТО“ 3 милиони евра за топлина

Компанијата Балкан Енерџи Груп, која испорачува топлина за најголем дел од корисниците на парно греење во Скопје и должи на централата „ТЕ-ТО“ скоро три милиони евра за испорака на топлинска енергија. Само во првите 16 дена од месецов, долгот кон „ТЕ-ТО“, која освен струја, произведува и топлинска енергија е речиси еден милион евра.

Засега останува нејасно колку и дали државата ќе покрие дел од долговите на БЕГ кон „ТЕ-ТО“ со оглед дека се очекува финансиското раководење со БЕГ да го преземе државната ЕСМ. Владата треба да донесе одлука за прогласување на кризна состојба во секторот – топлинска енергија, за да може точно да се утврди кои ќе бидат обврските на државата.

„БЕГ му должи на ТЕ-ТО за топлинска енергија за 16 дена од јануари 860.029 евра… Со одлуките за кризните мерки од минатата недела и овие денови овие обврски треба да бидат регулирани за понатамошна работа на двете компании“, велат од ТЕ-ТО АД Скопје.
Жителите на Бутел и Чаир кои пак, добиваат парно од друго место, односно од Топланата Скопје-Север, од вчера имаат парно. Претходно речиси две недели имаа студени радијатори. ЕСМ ќе го преземе раководењето и со оваа топлана. Поради тоа добавувачот на гас почнал да им испорачува гориво.

„…Пром-Гас ДООЕЛ за своите потрошувачи обезбеди количини на природен гас во рамките на потребите за 2022 година кои истите ги подмирува финансиски однапред, односно ги плаќа авансно кон својот добавувач“, велат од Макпетрол Пром- Гас ДООЕЛ.

Во земјава првпат се случува државата да донесе кризна состојба во секторот за топлинска енергија. Во најголем дел проблемот настана поради високите цени на гасот кои изминативе месеци се на светско рекордно ниво.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button