СПОРТФУДБАЛ

Бекам повторно му нуди на Модриќ да се пресели во Интер Мајами

Bо текот на неделата објавија дека Лука Модриќ има понуда од 60 милиони евра да се пресели во Саудиска Арабија на крајот од оваа сезона, но хрватскиот ас има и други можности.

Американски медиуми тврдат дека Дејвид Бекам повторно му нуди на Модриќ да се пресели во Интер Мајами и таму да ја заврши својата блескава кариера. Откако шест години ја делеше соблекувалната со Кристијано Роналдо, сега тој има можност да заигра и со Лионел Меси и покрај да ги одигра последните сезони. Ако тоа се оствари, Интер Мајами ќе има двајца освојувачи на Златната топка во своите редови.

Она што во моментов се чини сигурно е дека Модриќ претстојното лето ќе ја заврши својата 12-годишна епизода во Реал Мадрид, а веројатно потоа ќе се знае каде ќе продолжи./Sport1.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button