СПОРТФУДБАЛ

Беќири: Подготвителната фаза ја сметам како успешна, фудбалерите го дадоа максимумот

Македонскиот прволигаш Шкендија ја заврша подготвителната фаза за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига со четири победи и едно реми против украинскиот гигант Динамо Киев. Тренерот на тетовци Јетон Беќири е задоволен од подготвителниот дел и од формата која ја прикажаа неговите играчи.

„Oдлично за нас е што во подготвителната фаза одигравме меч со Динамо Киев и треба да бидеме задоволни што имаме можност да играме со  големи екипи бидејќи нивото на нивната игра не се споредува со нивото на екипите со кои вообичаено играме пријателски или првенствени натпревари.

Затоа верувам дека го искористивме максимумот и вредеше се без разлика на резултатот. Овие големи тимови и овие големи натпревари ви даваат пореална слика за можностите на тимот. Задоволен сум од залагањето на фудбалерите, но позадоволен сум што по крајот на натпреварот немаме повредени играчи. Попрво би зборувал за подготвителната фаза, која сметам дека е успешна бидејќи фудбалерите дадоа максимум, добра е и нивната здравствена состојба, бидејќи и покрај сите оптоварувања што ги работевме, нема повреди.  Се враќаат дури и фудбалери кои се повредени подолго време.

 

Не сакам премногу да се занимавам со резултатите од натпреварите во подготвителната фаза, бидејќи тие не се ни во преден план. Важно е сите фудбалери да добијат минутажа, да ги искористиме тренинзите и одличните услови што ги имавме за работа и верувам дека во овој поглед сум задоволен од подготвителната фаза“, изјави Беќири./Ekipa.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button