КОШАРКАСПОРТ

Реал Мадрид ќе ја брани титулата в недела против Панатинаикос

Реал Мадрид ќе ја брани титулата в недела против Панатинаикос, откако во второто полуфинале на завршниот турнир во Берлин го победи Олимпијакос со 87:76.

Во второто полуфинале немаше никаква неизвесност. Слично како и во првото полуфинале, работите беа решени во рaната фаза од натпреварот. Реал, во првата четвртина со шест тројки го торпедираше кошот на Олимпијакос и во вториот период влезе со предност од 18 поени. Во ист ритам Реал продолжи и во втората четвртина, во која дојде до највисоката предност (54:29).

Олимпијакос се разбуди во второто полувреме, во еден момент, во последната четвртина со доближи на негатива од само осум поени, но Реал лесно го одби тој напад и на крајот заслужено победи.

Џанан Муса го предводеше Реал со 20 поени, Марио Хезоња постигна 12, а Гершон Јабуселе и Винсан Поарије по 11. Кај Олимпијакос се истакнаа Алек Питерс постигна 23 со 10 скока, Шекил Мекисик 17, а Најџел Вилијамс-Гос додаде уште 15 поени.

Кошаркарите на Панатинаикос со победата над Фенербахче со 73:57 (22:13, 16:23, 18:14, 17:7) изборија пласман во финалето на завршниот турнир во Берлин. За зелените ова е прво финале по 2011 година кога и последен пат учествуваа на завршниот турнир.

Финалниот натпревар Реал-Панатинаикос ќе се одигра в недела од 20 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button