СПОРТФУДБАЛ

Одбојкарите на Македонија, фаворити во Беверен против Азербејџан

Македонската одбојкарска репрезентација против Азербејџан во Белгија го почнува вториот од трите турнири во годинашата Европска златна лига. Овој втор турнир за македонските одбојкари е секако значаен затоа што само тука, во Беверен, може да почувствуваат како е да се подготвува натпревар со фаворитска улога.

„За мене Азербејџан ќе биде вистинската прoверка пред квалификацискиот натпревар со Грузија. Тоа се две изедначени репрезентации, ние ги победувавме во минатото, но тоа не мора ништо да значи и затоа треба добро да се подготвиме. Најважно да не правиме грешки. Мислам дека тоа ќе биде доволно за да го совладаме Азербејџан“, вели капитенот Никола Ѓорѓиев.

Противникот има комбиниран состав според возраста, шестмина се родени пред 2000-та, но и повозрасните не се ветерани. Селекторот Фарид Јајалов веќе седум години го води тимот, тоа зборува за постојаност во работата, но сега нештата ќе зависат само од нас.

„Треба да го подобриме приемот. Работевме на тоа по натпреварите со Естонија и со Чешка, така што мислам дека ќе овозможиме полесен наш напад и игра којашто ќе ни овозможи да се радуваме против Азербејџан“, вели селекторот Хари Наковски.

Азербејџан двапати играше во Европската лига. Во единствената во 2014-та кога ние бевме трети, тие ги загубија сите 8 натпревари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button