СПОРТФУДБАЛ

Титулата во ФА Купот со различно значење за Ман. Сити и Ман. Јунајтед

Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед денеска (16 часот) ќе ги одмерат силите во финалето на ФА Купот. Пресметката меѓу градските ривали е реприза на минатогодишното финале, кога „граѓаните“ победија со 2-1. Манчестер Сити со победа денеска ќе стане првиот тим кој триумфирал во две последовни години во Премиер Лигата и во ФА Купот.

Тимот на Пеп Гвардиола е фаворит во натпреварот пред сѐ поради лошата игра на нивниот ривал во Премиер Лигата оваа сезона. Манчестер Јунајтед заврши на осмото место, што е најниско рангирање на тимот од почетокот на Премиер Лигата. Евентуален пораз на „Вембли“ денеска ќе ги остави „Црвените Ѓаволи“ надвор од европските турнири само по вторпат.

Манчестер Јунајтед ќе мора без повредениот Хари Мегваер, но, сепак, има и добри вести – Лисандро Мартинез, Виктор Линделоф и Ентони Марсијал се вратија и би можеле да играат во финалето.

Евентуален триумф на „граѓаните“ ќе им се допадне на Челси и на Њукасл. Победа на Сити ќе ги испрати лондончани во Лига Европа наместо во Конференциската Лига, а за „чавките“ тоа ќе значи излез во европските натпреварувања.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button