СВЕТ

Палестина очекува признание за независност од уште европски држави

Палестина очекува признание за независност од уште европски држави

Амбасадорот Омар Авадала, помошник министер за надворешни работи по прашања за ОН, во интервју за Ал Џезира вели дека ќе се зголеми бројот на земји кои ја признаваат Палестина како независна држава.

Досега се 147, а откако Шпанија, Норвешка и Ирска ја признаа Палестина во средата, според Авадала тоа предизвикало хистерија кај Израел.

Амбасадорот во интервјуто уште вели, окупацијата над Палестина од страна на Израел, подлежи на законски процедури за злосторства и затоа е важно европските држави да и дадат поддршка на неговата земја.

По Шпанија, Норвешка и Ирска, подготвеност да ја признаат Палестина изразија и Словенија и Малта. Ова следи откако на 10 мај Генералното собрание на ОН усвои Резолуција со која се потврди дека Палестина ги исполнила сите услови за полноправно членство во ОН. Тогаш 143 држави гласаа за, 25 беа воздржани, а девет држави гласаа против.

„Сведоци сме дека има многу држави кои гласаа за подигнување на статусот на Палестина во ОН и нејзино полноправно членство, а меѓу нив има многу европски но и држави кои не доаѓаат од Европа, така што очекуваме дополнителни признанија, кои за жал, во моментов не можам да ги именувам од каде ќе дојдат најпрво“, вели Авадала во интервјуто.

Признанието за независна држава од трите европски држави следеше откако Меѓународниот кривичен суд донесе одлука против израелските власти за нивната опсада на Појасот Газа која трае од 7 октомври минатата година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button