ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Беким Незири од ДУИ ги нападнал вработените во контролата на летање

Беким Незири од ДУИ ги нападнал вработените во контролата на летање

Беким Незири, висок функционер на ДУИ и претседател на огранокот на ДУИ во Чаир, според информации на Алсат, е човекот кој попладнево упадна  во објектот на контролата за летање. Тој придружуван од уште едно лице, нападнал вработен – Албанец. Од полицијата не го потврдија идентитетот на напаѓачот но соопштија дека нападот го извршил Б.Н – лице вработено во институцијата. Инаку Беким Незири, едно време беше и член на на управниот одбор на М-нав. Нападот од страна на Незири се случи веднаш по прес конференцијата на претседателот на синдикатот на која беше побарано да се стопира последниот оглас со кој се вработуваат лица без да ги  поминат потребните тестови за сложените работни позиции кои треба да ги извршуваат. Инцидентот прв го пријави претседателот на синдикатот, кој на фејсбук напиша дека „непознатите лица, во објектот на контрола налетање дошле со неколку возила, предизвикалекараница и нападнале вработени“.

Advertisements

„Возилата влегле без да бидат спречени од странана обезбедувањето кое е од надворешна фирма , а не реагирало ни обезбедувањето на Мнав кое сенаоѓа во самиот објект. Овој акт на насилство несамо што претставува закана за секој еденпрофесионалец во контролата на летање туку и забезбедноста во авијацијата кога секој еден може однадвор да влезе во објектот и да нападне вработеникои во тој момент извршуваат работни обврски“ напиша на фејсбук синдикалниот лидер Тасевски.

Од МВР соопштија дека физички биле нападнати три лица вработени во М-нав и дека по добиенатапријава се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button