ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Платите на функционерите нема повторно да се покачат

Платите на функционерите нема повторно да се покачат

Во Буџетот за 2024 година, предвидени се 10 отсто повеќе средства за платите на сегашните вработени во јавниот сектор, споредено со лани, но не и за функционерите. Министерот за финансии Фатмир Бесими, рече дека не е предвиден буџет за дополнително зголемување на платите на 1.260 функционери, кои во мај 2023 година имале зголемување од 78%. Целта, според Бесими, е да се обезбеди постојано зголемување на платите во јавниот сектор, со цел да имаме администрација која ќе обезбеди квалитетни услуги за граѓаните и фирмите. Шефот на државната каса, ги отстрани дилемите на синдикалците дека со платите на јануари функционери ќе добијат дополнителни 400 евра, вест која доби внимание во првите денови од годината, но се покажа како неточна, според надлежните.

„Во буџетот нема пари за зголемување на платите на функционерите во 2024 година, нема! Нема пари за покачување на платите, што значи дека е владина одлука да интервенира во законот за да нема покачување. За зголемувањето не се предвидени средства согласно усогласувањето на платите, што треба да се направи секогаш кога ќе се зголеми минималната плата, така што во годинешниот буџет не се предвидени пари за зголемување на платите на функционерите“, рече Фатмир Бесими, министер за финансии.

На денешната прес-конференција, беше речено дека постојано има заминување на вработени како од јавниот така и од приватниот сектор. Податоците покажуваат дека бројот на вработени во администрацијата се намалува од година во година. Од 87.028 вработени во 2021 година, бројот на вработени во 2023 година изнесува 84.200, рече Бесими. Тоа значи дека имаме тенденција да го намалиме бројот на вработени. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, рече дека во системот има повеќе од 535.000 вработени.

Но, и покрај бројките дека има тренд на опаѓање, конкурсите пред изборите не запираат. Во однос на објавените вработувања во администрацијата, Бесими тврди дека институциите не смеат да вработуваат, освен да се пополни испразнето место поради пензионирање или поради заминување на кадарот од други причини./Алсат.мк

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button