ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Беким Сали: Обвинителството да реагира по допрен глас за постизборна набавка на казино-апарати
Беким Сали: Обвинителството да реагира по допрен глас за постизборна набавка на казино-апарати
“Бараме од Јавното обвинителство да истражи кои се мотивите на оваа јавна набавка, дали е вистина дека во моментот на потпишување на Рамковниот договор, договорот за јавна набавка, пазарната цена на терминал за видео-лотарија била 3800 евра.
Дали е вистина дека индивидуалната цена за терминал на видео-лотарија договорена со рамковниот договор, договорот за јавна набавка е 10.000 евра или 6200 евра поскапо од пазарната вредност. Дали е вистина дека целата сума на набавката е 9 милиони и 920 илјада евра повеќе од пазарната вредност на терминалите за видео- лотарија.
Во чии џебови ќе заврши разлика од речиси 10 милиони евра само од овој тендер?”, рече Беким Сали од ВЛЕН.