ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Бектеши: До 13 отсто пониски цени на лебот, млекото и месните производи во почетокот на декември

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува во почетокот на декември да има намалување на цената на основните прехранбени производи од пет до 12 – 13 отсто. Ако нема толкаво намалување, како што рече денеска по средбата со производителите и со претставниците на најголемите ланци маркети, ќе се донесат новите мерки што произлегуваат од Законот за трговија.

-Тоа што им беше најголем товар на компаниите, се среди. Затоа во континуитет одржуваме состаноци со производителите на основните прехранбени производи. Тие може да ги достават нивните предлози и тоа, по мое барање, треба да се случи наредната недела. Таму каде што ќе има можност, ќе се интервенира од страна на надлежните институции. Но, согласно сите проекции и анализи очекувам такво намалување во речиси секој од производите наведени во Одлуката на Царинската управа. Да, може да се случи да има зголемување на цената на суровини кои се увезени, но секако дека има одредени механизми и за таму да може да се стабилизира и ако тоа е проблемот за да има дополнитело намалување на цените, ние сме подготвени и тоа да го направени, но прво сакаме да видиме дека има волја дека кризата не треба да биде на товар на граѓаните, односно потрошувачите, туку сите да ја распределиме, истакна министерот.

Тој напомена и дека граѓаните може да пријавуваат на дневна основа во Државниот пазарен инспекторат ако забележат дека некаде нема намалување на цените на основните прехранбени производи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button