ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Бектеши: Од следната среда пониски цени на над 50 основни прехранбени производи

Цените на над 50 основни прехранбени производи, од кои 90 отсто се даночат со 5 отсто ДДВ, ќе се намалат за минимум 10 отсто од наредната среда, информира министерот за економија Крешник Бектеши кој денеска во Министертсвото за економија се сретна со претставници на осум синџири на маркети. На средбата присуствуваа и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, и претставници на Стопанската комора.

Advertisements

„Имавме многу конструктивна дебата и заеднички се согласивме дека има простор за намалување на цените. Тоа како општествено одговорни претпријатија го прифатија и синџирите на супермаркети, што значи дека ќе биде усвоена одлуката на Министерството за економија на владината седница во вторник и реализирана во делот на намалување на цените на прехранбените производи во сите синџири на супермаркети“, изјави Бектеши по средбата и додаде дека очекува примерот да го следат и увозниците и производителите на прехранбени производи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button