ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Бектеши: Поскапувањето на цената на струјата нема да биде над 10%

Новинар: Андреа Чобанова

Цената на струјата следната година нема да се зголеми над 10 проценти, тврди министерот за економија Крешник Бектеши. Иако енергетските компании до регулаторна доставиле барање за повеќекратно зголемување на цената на струјата поради зголемните трошоци, Бектеши вели дека нема да има драстична промена на цената на струјата по нова година. Од следната година , Владата планира да воведе прогресивно плаќање на стујата, или побогатите да плаќаат повеќе а сиромашните граѓани помалку.

„Веќе се изработуваат нови модели во делот на одредување на цената на електричната енергија со моделот на блок тарифи, каде што ќе ги потикнеме граѓаните да заштедат енергија. Тие што се најранливи категории на граѓани може ќе имаат намалување во делот на електричната енергија од јуни следната година , а тие што прават потрошувачка над 1 мегават, согласно бројките што ги имаме има домаќинства кои трошат и повеќе а тоа е многу , најверојатно се многу богати семејства за нив ќе се зголеми двојно цената на електричната енергија“, изјави Крешник Бектеши- Министер за економија.

Покрај одвоените 65 милиони евра за МЕПСО и ЕСМ, од буџетот ќе се одвојат дополнителни 15 милиони евра за потребите на ТЕЦ Неготино за набавка на мазут вели Бектеши. Оваа термоцентрала по 12 години почна со работа со еден блок кој произведува 90 мегавати на час. Со активирање на сите блокови на ТЕЦ Неготино се очекува надополнување недостатокот на електрична енергија, но и производство на вишок кој ќе може да се продава на слободниот пазар. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button