ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Последен ден, расправа за буџетот

Пратениците последен ден расправаат по предлог буџетот за следната година. За власта буџетот е скроен да ја закрепне економијата од пандемијата но истовремено и да одговори на сите потреби на граѓаните.

Опозицијата обвинува дека станува збор за неразвоен буџет кој само ја задолжува државата. По завршување на расправата предлог буџетот треба да се изгласа од страна на пратениците. Законските рокови се буџетот за 2022 да биде усвоен до 31 декември.

„Големите очекувања носат големи разочарувања, таков ќе биде и овој буџет за 2022 година ист како и очекувањата за датумот за преговори, ист како како вашата победа на локалните избори разочарувачки. Тврдите дека оваа Влада скорила буџет кој е развоен, ликвиден и навреме ќе ги исполнува сите потреби, но според досегашните искуства сите знаеме дека тоа нема да биде така“, изјави Даниела Христова- Пратеничка на ВМРО- ДПМНЕ.

„Буџетот ќе одговори на сите потреби на граѓаните и економијата, на зачувување пред се на здравјето на граѓаните, меѓутоа од друга страна и капиталните инвестиции се основа за раздвижување на стопанството. Апсолутно не сте во право дека оваа Влада не е способна да реализира капитални проекти, јас секој ден е возам од Радовиш до Скопје по нови експресни автопати“, нагласи Коле Чаракчиев- Пратеник на СДСМ. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button