ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Бектеши за „Дојче веле“: Можно е намалување на цената на струјата од 1 јануари

Нема да има драстично зголемување на цената на електричната енергија од 1 јануари следната година, а можни се и „поместувања во надолна линија“, вели министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за „Дојче веле“.

Министерот уверува дека што и да се случи со производството на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и со енергетскиот систем, граѓаните никогаш нема да плаќаат повеќе од она што сега го издвојуваат за сметките за струја.

„Нема да има драстично зголемување на цената од 1 јануари, можни се и поместувања во надолна линија. Сѐ зависи од тоа што ќе утврди Регулаторната комисија откако ќе се направат соодветните анализи и проекции и, адекватно на тоа, ако е потребно ќе биде донесена соодветна одлука од страна на Владата. Согласно нашите проекции и разговорите што ќе ги имаме во Економскиот совет, можам да кажам дека кризата нема да биде на товар на граѓаните, на домаќинствата и на малите потрошувачи. Што и да се случи со производството на ЕСМ, што и да се случи во енергетскиот систем, граѓаните никогаш нема да плаќаат повеќе од она што моментално плаќаат. Јас ги имам пресметките колку би можела да изнесува таа и тврдам дека зголемувањето нема да биде на товар на граѓаните“, вели Бектеши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button