„Бел штрајк“ во Србија: 10.000 наставници ставаат само петки

Над 10.000 наставници во основните и средните училишта во Србија спроведуваат „бел штрајк“, односно на сите ученици им ставаат само петки, објави денеска (21 октомври) Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС).
Членовите на овој синдикат го започнаа таканаречениот „бел штрајк“ на 14 октомври.
Како што соопштија претходно, до ваков чекор дошло затоа што Владата и Собранието не ја подобриле безбедноста во училиштата до дадениот рок (13 октомври). Синдикалците бараат содветни измени на законот и прописите за на наставниците да им се гарантира поефикасна правна заштита од напади, како и можност учениците кои се однесуваат крајно недолично веднаш се суспендираат од часот.
Како што објави НСПРС, вработените во училиштата „пројавуваат зголемен интерес да се приклучат на ‘белиот штрајк’ до крајот на полугодието, како нов начин на борба за подобри услови за работа“.