РЕГИОН
Бериша: „Отворен Балкан“ ги уништува економиите на Албанија и Македонија
Бериша: „Отворен Балкан“ ги уништува економиите на Албанија и Македонија

Поранешниот албански премиер и лидер на Демократската партија, Сали Бериша, повторно го критикуваше премиерот Еди Рама во врска со иницијативата Отворен Балкан. Бериша рече дека Рама му се потчинува на српскиот претседател Вучиќ и оти Отворен Балкан е антиалбанска иницијатива. (Изјава)
„Отворениот Балкан е од секој аспект, антиалбанска иницијатива. Александар Вучиќ, злонамерен колку и Милошевиќ, како Ѓорџевиќ, го користи Отворен Балкан во секој аспект. Го користи за да се спротивстави на Берлинската иницијатива, да воспостави српска хегемонија на Балканот и руско влијание. Го користи за уништување на производството во Албанија и Македонија, бидејќи на слободниот пазар не се дефинирани правила“, рече Сали Бериша, претседател на ДП.