ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
БЕСА и официјално веќе не е дел од Владата

Собранието на почетокот на денешната седница ги констатираше оставките на министерот за земјоделство и на замениците-министри за образование и за култура, со што Беса и официјално веќе не е дел од Владата. Констатирани беа оставките на Арјанит Хоџа, Арафат Шабани и Седат Сулејмани. Нивните места најверојатно нема да се пополнуваат во наредниот период додека не завршат внатрепартиските избори во СДСМ. Потоа би требало да се оди на формирање нова влада во која би учествувала и Алтернатива.