ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради високата смртност од КОВИД, Македонија под мониторинг на СЗО

Vjollca Aliti

Претставници на Светската здравствена организација ќе дојдат во Скопје во мониторинг мисија за работата на модуларните болници во земјава. На прашањето за безбедноста на ваквите болници и дали се погодни за лекување на заразените со вирусот, од канцеларијата на СЗО велат дека тоа ќе се дознае откако нивни експерти ќе подготват извештај.

„Следната недела организираме мисија која ќе ги набљудува модуларните болници. Ќе имаме и еднодневна обука за кислородната поддршка. Ќе имаме попрецизни информации после следната недела.“

Во меѓувреме, Европа стана епицентар на коронавирусот, особено во западниот и централниот дел. Се шири и новиот вид омикрон. Веќе е потврден во 54 земји, а повеќе од 20 од нив се во Европа. Кај нас засега не е регистриран.

„Околу 2,7 милиони нови случаи се пријавени во европскиот регион во последните 7 дена, што претставува 34% од сите случаи во светот…“

Претставниците на СЗО ја истакнаа важноста од вакцинирањето.

„Оваа пандемија ќе заврши многу брзо ако сите сме вакцинирани, ако сите го земеме во предвид јавното здравје заштитувајќи се себеси. Тоа е едноставно решение за кое сите можеме да придонесеме. Вакцините се безбедни. Не треба да се двоумите за да се вакцинирате. Медиумите се најголемиот поттикнувач за да се вакцинираат граѓаните.“

 

За да се постигне колективен имунитет, потребно е 80-90% од населението да се вакцинира. Последните официјални податоци покажуваат дека во земјава со две дози се вакцинирани само 39 отсто од граѓаните.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button