ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пропадна чистката, во судството имало инсталирани „пирамиди“!

Пропадна реформата на правосудниот систем. Заменик-министерот за правда Агим Нухиу оценува дека очекувањата од спроведувањето на т.н. ветинг, не се на потребното ниво. За реформите да имале ефект, вели тој, требало да се има поголема строгост.

„Нашите очекувања не се остварени. Не само нашите, туку и на пошироката јавност. Довербата на граѓаните и на пошироката јавност во правосудниот систем е ниска и во таа насока сметаме дека треба да се применат построги форми на „ветинг“. Во судството и обвинителството се инсталирани пирамиди кои влијаат да нема квалитетни истраги во обвинителството или да се злоупотребува слободното убедување на судијата како дискреционо право во кривичната судска постапка.“

Нухиу смета дека немањето ефикасна истрага и неказнивоста врз основа на убедувањето на некои судии, ја зголемуваат недовербата на граѓаните во судскиот систем. Поради тоа, потребна е нова реформска стратегија.

„Во областа на судството немаме резултати кои се опипливи во овој контекст, затоа ќе треба да размислуваме за обновување на стратегијата каде акцентот би бил ставен врз квалитетот на истрагите, обвинителството и оценка за слободното убедување на судиите кои често го користат при донесување судски одлуки.“

Акцискиот план за реформи беше изготвен по констатацијата дека е нарушена основната институционална стабилност и загрозени слободите и правата на граѓаните.

„Ваквата позиција на разнишаниот судски систем ја доведе во прашање целата демократија и заштитата на правата и слободите на граѓаните во Македонија.“

Во акцискиот план се препорачува да се формира оддел за гонење на криминал и висока корупција во рамките на Јавното обвинителство, но тој и покрај измената на законот, никогаш не беше формиран. Владата го усвои акцискиот план во ноември 2017 година и за него тогаш се тврдеше дека е резултат на сериозната посветеност на власта за реформи во судството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button