ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Беса Транс“ остана и без туристичка лиценца

Министерството за економија ѝ ја одзеде туристичката лиценца на „Беса Транс“, чии автобус изгоре во Бугарија во кој загинаа 45 лица. Одлуката потпишана од министерот Крешник Бектеши, следи по три обиди за инспекции во фирмата од страна на Државниот пазарен инспекторат. Инспекторите наиште на затворени врати и во главното седиште на „Беса Транс БТБ“ ДООЕЛ Скопје во Рашче, како и во канцелариите на транспортната компанија во Скопје. По одземената лиценца на „Беса Транс“, министерот Бектеши наведе:

„Ги повикуваме сите граѓани кои ќе патуваат да проверат со кои туристички агенции патувааат, односно дали имаат важечки лиценци за работа издадени од Министерството за економија“, наведе Бектеши.

Претходно, Министерството за транспорт на фирмата ѝ ја одзеде и лиценцата за превоз на патници. Но и покрај ова, низ медиумите деновиве има стории како некогашни комбиња на „Беса Транс“ или на лица вработени во неа на диво превезуваат патници низ Скопје и државата.

Во меѓувреме, Обвинителството и натаму води предистрага за фирмата, но од обвинителството освен дека прибираат документи, засега не откриваат ништо. Царинската управа во обвинителството ќе испрати извештај дали и колку автобуси од „Беса Транс“ ја поминувале границата без или со евентуално лажни документи, како што е извод од лиценца за превоз на патници. Само во 2020 и 2021 година изгорениот автобус границата ја поминал повеќе од 100 пати. Инаку, засега ниту бугарските истражни сè уште не прецизираа како настанала трагедијата на автопатот „Струма“.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button