ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

БЕСА уверува, самостојниот настап на локалните избори не го нарушува владејачкото мнозинство

Одвојувањето на Движењето Беса од СДСМ за локалните избори нема да се одрази врз парламентарното мнозинство. Генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа, вели дека одлуката на партијата се базира на нејзините резултати како владејачка партија. Хоџа не ја исклучува соработката на мнозинските партии во вториот круг од изборите.

Advertisements

„Проценивме дека најдобрата можност е оваа што одлучивме да излеземе. Во првите кругови секоја партија од владината коалиција ќе се докаже, вклучувајќи го и Движењето Беса, како што сме убедени во работите што ги завршивме. Потоа ќе размислиме за идните чекори. Ова не значи дека во рамките на коалициските партнери има проблем“, изјави Арјанит Хоџа, Генерален секретар на Беса.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button