
Кога зборуваме за буџетот за 2021 година, но исто така и за ребалансот на буџетот за 2020 година според министерот за финансии, Фатмир Бесими зборуваме за нетипична година, односно за вонредна година во којашто имаме најголема историска криза. Затоа, според него, буџетот ја одразувал токму оваа ситуација.
Министерот Бесими во рамките на емисијата „Економски магазин“ на Алсат, подвлече дека буџетот за оваа година има неколку цели, здравствена цел, економско закрепнување и функционирање на државните институции, владеење на правото и евроатлански обврски.
„Годината 2021 година ќе се карактеризира со последиците од кризата од Ковид-19 и тоа се две сценарија, основното сценарио врз кое се засноваме е она што моментално доминира и во меѓународните и финансиски институции, според кое првиот квартал ќе биде за Ковид и тогаш ќе има стабилизација во однос на здравството што ќе се рефлектира во локалната економија. Сепак, предвидувањата се многу кревки и во оваа фаза никој не може да го каже ова со голема сигурност“, рече Бесими.