ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Без да се чекаат ефектите од полицискиот час, нема да има нови ограничувачки мерки

Повикот на Лекарската комора за дополнителни ограничувачки мерки поради КОВИД-19 не доби зелено светло од властите. И покрај зголемувањето на бројот на заболени ,министерот за здравство вели дека врз основа на дневни консултации, во моментот не се потребни нови мерки.

Од комисијата за инфективни болести за АЛСАТ велат дека очекуваат да истече двонеделниот рок од воведувањето на полицискиот час, а потоа да се анализира дали има потреба од нови мерки.

„Мислам дека еднаш треба да го процениме ефектот на полицискиот час, причините за зголемувањето на случаите, позитивните случаи на млади луѓе на возраст од 30-59 години и смртноста. Сите фактори што доведуваат до раст ќе бидат анализирани и врз основа на ова ќе има конечна одлука“, рече Шабан Мемети, директор на Институтот за јавно здравје – Комисија за заразни болести.

Алијансата за Албанците го критикуваше составот на Комисијата за заразни болести, кој според опозицијата е делумен и како резултат, одлуките не се соодветни.

„Предлагаме да се пополни Комисијата за заразни болести со професионалци во соодветни области како што се инфектолог, микробиолог и имунолог“, рече Беким Татеши, Алијанса за Албанците.

Заклучно со 1 март, бројот на лица погодени од КОВИД 19 е зголемен за 4500 случаи. Во моментов најголемиот број на заразени се од британски сој.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button