ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Без кворум и денеска, гласањето за законите одложено за друг ден

Без кворум и денеска, гласањето за законите одложено за друг ден

Во Собранието и денеска немаше услови за работа. На 71-та седница, која освен што почна со еден час доцнење, не се изгласа ниту извештај, предлог-закон или информација. Пратениците заминаа на пазуа, а не започнаа ниту да ја разгледуваат интерпелацијата против претседателот на Комисијата за политички систем.

Advertisements

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека спикерот е уценет, за по секоја цена да постави заменик-претседателот на Собранието. Пратеничката Ели Панова го обвини Џафери дека ја прекршува процедурата кога ги става точките на разгледување, но за нив не се гласа зашто им недостигаат 61 глас.

Џафери ги отфрли обвинувањата барајќи од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да си одат дома доколку не се на работа.

Поради немање кворум за работа минатата недела Џафери се закани со распуштање на Собранието. На координацијата одржана со лидерите на политичките партии, односно на парламентарното мнозинство, беше заклучено несогласувањата во Владата да се решаваат надвор од Собранието, а не со бојкотирање на седниците на законодавците, но не се соопштија детали кои пратеници од парламентарното мнозинство не беа присутни за да има кворум за работа./Alsat.mk

Адријан Керими

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button