ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Без плата вработените во повеќе институции

Вработените во бројни државни институции се уште чекаат плата. Првиот синдикалец Трендафилов алармира: културните работници, министерството за економија, трудовата инспекција, пазарните инспектори, дел од обвинителството и водостопанството се оставени без основни средства за живот.

Advertisements

Тој додава дека голем број од работниците после велигденски празници за жал се уште немаат добиено плата и биле оставени со празна трпеза за праникот.

„Вработените во културата кои вчера излегоа на протест до утринава  немаат добиено плата,  моите податоци се дека вработените за жал во Министерствот за економија и труд се уште не ја добиле нивната плата, вработените во Државниот пазарен инспекторат кој треба да ги спроведува мерките на Владата и кој треба да ги контролира нефер трговските практики и нефер трговците исто така според моите сознанија немаат добиено плата, вработените во дел од Јавното обвинителство немаат добиено плата, вработените во Водостопанство каде што имаше голем удар врз работниците да се зачленат само во друг синдикат се уште ја немаат добиено својата плата“, рече Трендафилов.

Првиот синдикалец Слободан Трендафилов на први мај ги повика сите синдикати и работници на протест, да го искажат работничкото незадоволство и да побараат повисоки плати, бидеќи како што вели платите во Македонија се мизерни.

„Недостоинствените услови за работа и недостоинствените плати, се главниот мотив оваа година на први мај да протестираме а да не маршираме, поради тоа сметаме дека сите оние работници кои сметаат дека имаат нисики примања, односно ниски плати, сите работници кои сметаат дека се понижени од страна на нивните работодавачи. Борба за достоинствени плати и услови за работа, да се придружат и да застанат со нас на први мај“, вели Трендафилов.

Владината синдикална потрошувачка кошничка, според Трендафилов се изготвува со цел властите да им кажат на граѓаните што треба а што не да јадат во сезона.

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button