МАКЕДОНИЈА

Без вода дел од Шуто Оризари

Повеќе улици во Шуто Оризари денеска ќе бидат без вода, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Прекинот на водоснабдувањето е поради скината цевка од страна на приватна фирма на улицата „Рељо Шесто Крило“ без број, а без вода ќе бидат корисниците на улиците „Рељо Шесто Крило“, „Гвадалахара“ и „Јуриј Розентал“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирањето на дефектот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button