ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Бежовска за Алсат: Нагорни инфлациски движења, фокус за поддршка на социјално ранливите категории

Народната банка засега нема да ја затегне монетарната политика, како одговор на ревидираната стапка на инфлацијата од 3,1 насто за оваа година. Превземањето на монетарните политики преку можно зголемување на каматата на благајничките записи би значело и зголемени камати на кредитите кои ги плаќаат граѓаните. Гувернерката во емисијата Економски магазин на Алсат, посочува дека треба да се размислува на превземање на фискални политики или Владата да креира мерки за помош за ранливите категории на граѓании за излез од енергетската криза.

Advertisements

„Во овој период кога имаме нагорни инфлациски движења веројатно потребна е понатамошна но фокусирана подршка во сегметните на најралници категории на население, а на среднорочен период потребно е да се продолжи со стратегијата за фискална консолидација затоа што тоа повторно ќе овозможи поголем простор, ќе значи поголема комуникација помеѓу фискалната и монетарната политика и ќе овозможи монетарната политика на подолг период да остане релаксирана“, рече гувернерката Ангеловска- Бежовска.

Бежовска потенцира дека ниту се размислува ниту има потреба од девалвација на денарот или можно намалување на вредноста на домашната валута. Денарот е стабилен а поткрепа за тоа се историски највисоките девизни резерви од 3,6 милијарди евра или 30 проценти од бруто-домашниот прозивод.

„Денарот веќе со години е стабилен нема причина да не биде стабилен, би истакнала дека девизните резеви кои се кучниот фактор од кои што зависи стабилноста на денарот во однос на денарот се на историско највисоко ниво, ја споменавте 2008 кога се соочивме со глобалната економска криза тогаш на пример нивото на девизни резеври беше половина од тоа што го имаме денес“, додава Бежовска.

Според Бежовска, Народната банка има на располагање доволно механизими да одговори навремено при можни нови шокови кои би се случиле од неизвесноста со пандемијата или новонастанатата кризна состојба во енергетиката.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button