Безмалку една година од донесувањето на Законот за игри на среќа

Помина речиси една година од донесувањето на Законот за игри на среќа,со што се стави крај на ширењето на коцкањето, кое се залагаше ДУИ, како и почеток на крајот на Артан Груби и неговиот пријател, поранешниот директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами. И двајцата моментално се во бегство и против нив е распишана меѓународна потерница. Но, како се одвиваше целиот настан?
Артан Груби во февруари минатата година се обиде да го наметне прашањето за Интернет коцкањето со измена на Законот за игри на среќа, но на него се спротивставија три страни.
Прво се спротивставија од Здружението на вработени во секторот игри на среќа. потоа делумно против беа и СДСМ, а поддршка за Груби даде само Алијанса, која беше дел од крилото на Села. И трето, иако го одобрија како што го одобрија, претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот. На крајот, законот беше вратен на трето читање, но овојпат не ги доби потребните гласови за одобрување.
Следуваше формирање на четири акционерски друштва за приредување игри на среќа, Mozzart, Vesuv, 77Bits и Novomatik во рамките на Државната видео лотарија. Тоа е направено со одлука на Владата, каде што преку нивните управни и надзорни одбори се инсталирани структури блиски на Груби, за да има целосен надзор и контрола врз организацијата и спроведувањето на онлајн коцкањето. Таму беа поставени познати имиња, односно пријателот на Груби, Омер Буњаку, член на централното раководство на ДУИ, Артин Спахиу, шефот на кабинетот на Груби, Хавуше Лесковица и Хадије Хоџа, сопругата на наследникот на Артан Груби во Движењето „Разбуди се“.
Државната лотарија ги снабдила овие комерцијални друштва со VLT машини во вредност од 8,2 милиони евра иако тие немале право да ги користат и затоа машините никогаш и не беа користени. За сите овие злоупотреби се товарат Груби и Бајрами, кои се бегство, додека за уште две лица, меѓу кои и поранешниот премиер Димитар Ковачевски, обвинителството најави дека се уште се преземаат истражни мерки.
Ајнур Бафќари