МАКЕДОНИЈА

Би можело ли да им се забрани влез во земјава на некои бугарски државјани на 4 јули? Еве што вели Ковачевски

Одлуката за влез на странски државјани во нашата земја за носи МВР врз основа на податоци со кои располага, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат премиерот Димитар Ковачевски. Запрашан дали на денот на одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев, 4 февруари, би можело да биде забранет влез во државата на еден бугарски европратеник и неколку бугарски државјани, Ковачевски вели:

„Државјанин на друга држава, којшто сака да влезе во нашата држава, а доколку претставува закана по јавниот поредок, националната безбедност, меѓународните односи или по јавното здравје, може да му се забрани влез во државата. Проценката за личностите, за тајмингот, ја прави МВР, врз основа на информациите со коишто располага. Тоа ќе биде одлука на МВР.“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button