ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Бислимовски не очекува драстично поскапување на струјата, го прецизираше и терминот „драстично“

Цената на електричната енергија ќе се знае во текот на утрешниот ден, вели во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Како што кажа тој, сѐ уште се чекаат забелешките од некои незадоволни компании, но тврди дека драстично поскапување не се очекува.

Advertisements

„Драстично зголемување нема да има затоа што тоа не е решение на проблемот. Со драстично зголемување на цената нема да се подобри ситуацијата, ќе се влоши, бидејќи ќе се намали процентот на наплата и тоа не ни е целта. Целта е да го одржиме, колку што се може во вакви услови на енергетска криза во цела Европа, нашиот систем стабилен. Сѐ што е над 20% во делот на електричната енергија е драстично зголемување“, рече Бислимовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button