ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Битиќи: Инспекторите да проверат дали се манипулира со цените

Вицепремиерот Фатмир Битиќи изненаден од вртоглавиот раст на цените на основните прехранбени производи кои се случи во изминативе три дена. Според него укинатото ДДВ и маржите не можеле да предизвикаат толкав раст на цените, па затоа ќе се прават проверки од инспекциските служби дали производителите манипулираат со цените.

„Не може да прифатиме дека цената за 24 часа да порасне за 20 посто кога производствената цена не може да порасне за 24 часа за 20 посто. Сметам дека е манипулација која што ја прават кон нашите граѓаните и за тоа треба да реагираат инспекциските служби и јас очекувам набргу извештај од инспекциските служби“, рече Битиќи.

Мерки за ублажување на ценовниот шок ќе има но тие нема да важат за сите граѓани вели Битиќи. По усвојување на ребалансот на крајот на овој месец ќе се знае какви мерки ќе бидат донесени.

„Антикризните мерки нема да бидат мерки кои што се сеопфатни, мора да бидат таргетирани за специфични целни групи кои што се најзагрозени и компании кои што се најзагрозени“, додава Битиќи.

За економските експерти во буџетот веќе нема простор за мерки кои ќе важат за сите, затоа и се очекува само да се носат таргетирани мерки.

„Мерки и понатаму се потребни. Меѓутоа од друга страна доколку ги погледнеме фискалните капацитети кои во голема мера ги потрошивме на Ковид-кризата и во почетокот на справување со оваа криза со што фискалниот простор ни е многу ограничен. Треба да бидат таргетирани кон граѓаните и компаниите кој се најпогодени и најзасегнати дали тоа ќе биде во форма на ваучери за најранливите категории или во форма на дополнителни даночни олеснување на компаниите“, рече Благица Петрески, „Finance Think“.

На први јуни престанаа да важат владините мерки со кои се ублажуваше шокот од драстично зголемување на цените на основните прехрабени производи. Цените во изминативе три дена се зголемени за 5 до 10 денари на сите основни производи.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button