ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Ќе направиме симулација на предлозите за покачување на пензиите

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи по состанокот со претставници на пензионерите изрази очекување дека на следната средба ќе може да се очекува постигнување договор за раст на пензиите. Дотогаш, вели тој, владата ќе направи симулација на предлозите.

„Тоа што ни остана за задача како влада е во наредниот период да направиме симулации на тоа што го зборувавме денеска, да видиме какви импликации ќе има тоа за пензискиот фонд. Не би сакале да влеземе во дискусија за загрозување на пензискиот фонд. Сакаме да останеме со стабилен пензиски фонд, но да осигура дека од оваа година пензионерите ќе добиваат повисоки пензии“, рече Битиќи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button