ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Тренчевска: Почнува дискусијата за раст на пензиите

Со задоволство можам да соопштам дека денеска дискусијата за измени на методологијата за усогласување на пензиите започна, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и додаде:

„Заедно со претставници на здружението на пензионери и партијата на пензионери го отворивме ова важно прашање кое ќе има за цел унапредување на животниот стандард на пензионерите. Дискусијата за растот на пензиите ќе продолжи со цел да дојдеме до најдоброто решение кое ќе донесе раст на пензиите на долг рок“, рече Тренчевска.

Како што кажаа претставници на пензионерите, следната средба се очекува да се одржи следниот месец, за кога очекуваат постигнување на конечното решение.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button