ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Битиќи: Наредната година може да се очекува и петти и шестти сет економски мерки

Четвртиот сет економски мерки нема да биде доволен за надминување на економската криза. Со последните донесени мерки само ќе се ублажат ударите од пандемијата, ќе се зачуваат работните места и ликвидноста на компаниите, но нема да се случи рестартирање на економијата, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Advertisements

„Ова ќе го зборуваме најверојатно во цела 2021 година и за петти и за шести пакет. Колку и да треба пакети ќе има само за полесно да го преминеме овој период“, рече Битиќи.

Од Владата уверуваат дека ќе исполнат дел од барањата на странските инвеститори, меѓу кои и да се израмнат царинските давачки согласно ЕУ.

„Како Министерство ги подготвивме одлуките кои ќе ги пренесеме до Владата за да се донесат соодветните одлуки, што се однесува со израмнување на цариските стапки со тие на Европската Унија“, рече Крешник Бектеши – Министер за економија.

Вицепремиерот Битиќи нема точна пресметка колку државата преку јавните претпријатија му должи на стопанството, иако според анализата на Порталб долгот изнесува 304 милиони евра.

„Наредните години ќе работиме на системско решение, а тоа не само приватниот сектор да биде дел од Законот за финансиска дисциплина туку веќе и јавните институции да почнат да влеуваат во системот за адекватното регулирање на обврските“, рече Битиќи.

Предлог ребалансот на буџетот ќе се најде пред парениците на собраниска расправа на 29 октомври. Откако ќе биде изгласан, граѓаните и комапниите ќе може да ја очекуваат ветената помош од државата. Четвртиот сет економски мерки е тежок 470 милиони евра и содржи 31 мерка за надминување на економската криза.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button