СВЕТ

Летаа гранати на Кавказ, Ерменија и Азербејџан со меѓусебни обвинувања за кршење на примирјето

Азербејџанските вооружени сили утрово продолжија со интензивно артилериско гранатирање на северните и југоисточните делови на контактната линија во Нагорно Карабах, напиша на својата страница на Фејсбук прес-секретарот на Министерството за одбрана на Ерменија, Шушан Степанијан.

– Релативно стабилната напнатост продолжи преку ноќта во конфликтната зона Арках – Азербејџан. Утрото, непријателот продолжи со активен артилериски оган во правец север-југоисток “, додаде секретарот Степанијан, пренесува ТАСС.

Од друга страна, азербејџанското Министерство за одбрана денес објави дека Ерменија гранатирала четири области околу Нагорно Карабах.

– Силно кршејќи го режимот на хуманитарен прекин на огнот, ерменските вооружени сили ги гранатираат териториите на областите Горанбој, Тертер, Агдам и Аѓабедин – се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

На разговорите со посредство на Русија одржани во Москва на 9 октомври, Азербејџан и Ерменија се согласија за прекин на огнот.

Одлуката стапи на сила во сабота, 10 октомври, во 12:00 часот по локално време од хуманитарни причини, со цел размена на затвореници и пронаоѓање на телата на убиените во борбите.

Сепак, обете страни меѓусебно се обвинуваат за кршење на договорот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button