ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ИЈЗ: Речиси половина од инфицираните со Ковид од земјава се од Скопје

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, за период од 19 до 25 октомври, тестирани биле вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Забележано е зголемување од 5,9 проценти во однос на минатата недела, информираа денеска од Министерството за здравство.

Регистрирани биле 3.410 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што претставува зголемување од 27,4 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.654; 48,5%), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 267,8/100.000.

Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 24 проценти.

-Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=750, 22,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (n=673; 19,7%), 40-49 (n=632; 18,5%), 50-59 (n=595; 17,4%) и 20-29 (n=539; 15,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=72; 2,1%) и 10-19 години (n=149; 4,4%), соопштуваат од Министерството за здравство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button