СВЕТ

Џонсон: Ќе живееме добро и без договорот

Британскиот премиер Борис Џонсон денес оцени дека Велика Британија може да „живее многу добро“ и без договор со ЕУ, рекол тој во одговор на новинарско прашање – што ако трговските преговори со Брисел не финишираат пред преодниот рок.

Велика Британија официјално ја напушти ЕУ на 31 јануари, но сè уште ги применува европските регулативи до 31 декември, до кога треба да се усогласи договорот за идните трговски односи со европските дваесет и седум.

Доколку не се постигне договор до тој датум, ќе започнат да се применуваат регулативите на Светската трговска организација (СТО) и нејзините високи тарифи, со можни сериозни последици за британската економија, која веќе е ослабена како последица од пандемијата на вирусот корона.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button