МАКЕДОНИЈА

Битиќи од Софија за „Емисија 200“: Средбата, нов моментум што треба да се искористи

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, вечерва од Софија во изјава за „Емисија 200“ на Алсат, ја коментираше средбата на Владата на РСМ и таа на Бугарија, оценувајќи ја како нов моментум во воспоставувањето билатерални односи меѓу двете земји.

Advertisements

Тој нагласи дека треба да се искористи овој нов моментум, додавајќи дека решенијата ќе се најдат преку дијалог.

„Ова би го нарекол нов моментум во воспоставувањето билатерални односи меѓу двете земји, Република Бугарија и Северна Македонија, по двете нови влади. Мислам дека новиот моментум, иако не е економска тема, велам дека секогаш треба да се користи, бидејќи носи нова енергија, позитивност и тоа се случува во билатералните односи. Тоа што во првите 10 дена од новата влада се одржаа две средби меѓу двете влади, покажува дека може да се даде поинаков правец на односите и тоа е она што се случува. Овој моментум мора да се искористи, а решенијата мора да се најдат со дијалог“, рече Битиќи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button