ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Помошта за плати станува неповратна само ако компанијата покаже позитивни финансиски резултати

Сите компании коишто би земале субвенции за плати, предвидени со петтиот пакет економски мерки, нема да имаат обврска да ги вратат средствата единствено ако прикажат добивка, појаснува во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски магазина“ на Алсат, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Како што вели тој, во сите останати случаи, средствата ќе треба да се вратат во државната каса.

„Сите коишто ќе земат субвенции за плати, преку механизмот на пад на приходи од 30-80 проценти и скалеста поддршка, таа помош ќе стане неповратна само ако на крај на годината покажат позитивни финансиски резултати. Поинаку – ќе ги вратат“, рече Битиќи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button