ЕКОНОМИЈА

Арсовска: Новата мерка за помош за плати е малку анти-социјална

Данела Арсовска од Сојузот на стопански комори во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, најавите на вицепремиерот Битиќи дека помошта за плати од петтиот пакет економски мерки станува неповратна само за компаниите кои ќе пријават позитивни финансиски резултати на крајот од годината, првично ги оценува како антисоцијални, со образложение дека тие се носат да помогнат на компаниите коишто немаат можност за остварување на добивка.

„Мене единствено што ме плаши е дека во овој момент ние финансиската поддршка ја гледаме како еден тип на помош за оние коишто се наоѓаат во тешка позиција, особено оние сектори кои поради условите на пандемијата не се во можност и да сакаат да остварат позитивни резултати…малку е анти социјална оваа мерка, би кажала“, рече Арсовска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button