ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Битиќи: „СДСМ е спремен за решавање на статусот на поранешната УЧК“

СДСМ е подготвен да го реши статусот на поранешната ОВК преку програма каде двете страни учеснички во конфликтот во 2001 година ќе бидат подеднакво третирани, изјави потпретседателот на социјалдемократите Фатмир Битиќи. Тој ги отфрли тврдењата на албанските политички партии дека СДСМ е против решение, но нагласи дека ниту ДУИ, ниту која било друга партија не понудиле никаков предлог за решение.

„Ние во СДСМ велиме дека нема иднина без помирување. Несреќа е што никој друг никогаш не седнал да зборува за помирување… Отворени сме за секоја тема. Јас сум вицепремиер околу 3 години, исто толку и потпретседател на партијата, досега не сум видел таков предлог, исто како и одржлив предлог за решение за припадниците кои тогаш, условно да кажам, беа во одбрана на интересите на државата. Значи, кога ќе има одржливо решение и за двете страни, ќе се седне и ќе се разговара. Тоа е подобро да се направи преку сеопфатна програма за помирување затоа што еднаш засекогаш мораме да го оставиме настрана она што се случи и да гледаме напред, бидејќи сме повикани да ја креираме иднината,“ изјави Битиќи вечерва во емисијата 200 на Алсат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button