ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Битиќи: Загубите ќе бидат поголеми ако компаниите подолго време не работат

Владата останува на ставот дека се уште не е дојдено времето за полициски час Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи вели дека мерките кои се донесени од здравствен аспект даваат резултати. Битиќи смета дека доколку има потреба ќе се реагира со нови мерки.

Advertisements

„Што се однесува до економските последици тие се поврзани, колку го кратите времето на економските субјекти толку загубите се поочигледни. Ние кажавме ако тоа е случај поради здравствената криза, ние соодветно ќе одговориме со економски мерки“, рече Битиќи.

Пред два дена премиерот Заев на дебатна емисија изјави дека мнозинството во комисијата за заразни болести смета дека полициски од 21 часот нема да даде некои резултати, додека доколку се затворат сите дома од 17 или од 18 часот, работите ќе се подобрат.

А, во време кога стопанството стравува од нов карантин и затворање на дејности со образложение дека нов клуч на бизнисите ќе значи и целосен пропаст, собраниските административци ќе добијат повисока плата во 2021 година. Од Собранието за догодина побарале нивниот буџет да биде повисок за три милиони евра во однос на оваа година. Од владата велат дека со законско решение Собранието има финансиска независност и нема потреба да дава отчет на Владата за што ќе ги троши државните пари кои ги добива секоја година. Од Собранието молк. Наместо објаснување и на нашите повици да објаснат за што ќе бидат наменети овие пари, тие беа експресно исклучувани од секторот за односи за јавност.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button