ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Благ пад на бројот на жртви на семејно насилство

За 4,3% е намален бројот на жртви на семејно насилство во 2022 година во однос на 2021 година кога нивниот број изнесувал 1.608, објави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Според неа, во текот на изминатата година во центрите за социјална работа, евидентирани се 1.543 жртви на семејно насилство, од кои 1.074 се жени, 252 мажи и 227 деца. Според Тренчевска, најголем број жртви има во скопскиот регион, односно 530 жртви, а најмал е бројот во североисточниот регион, 60. По Скопје, најголем број жртви има во Пелагонија, 241 жртва.

Според податоците, како сторители на семејно насилство се евидентирани 1.382 лица, од кои најголем дел се мажи.

Тренчевска додаде дека во текот на изминатата година 83 жртви на насилство се сместени во прифатилишта во земјава.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button