ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Благоја Тоска“, најопасна крстосница во Тетово

Недостигот на сигнализација или кружен тек на крстосницата меѓу булеварот Благоја Тоска и улицата 29 Ноември резултираше со најопасна сообраќајна точка во градот. Возачите се збунети поради промената на приоритетот, поради што на ова место се случуваат најмалку една или две сообраќајки дневно. Жителите апелираат итно да се реши проблемот.

Advertisements

„Пред две ноќи ме удрија кај вратата, а секој ден одам во болница на прегледи. Излезе од долу и ме удри, а јас бев во право. Знак има, но ако го видат, ни полицијата нема што да прави. Дефинитивно е потребен семафор или кружен тек.“

„Насоката е сменета, потребно е долгорочно решение, но знаците се дека патот нема приоритет, а порано имаше. Сега е спротивно.“

„Или семафор или кружен тек. Ова ни штети затоа што е проблематично, безбедноста не е во ред“, велат жителите.

Од општина Тетово велат дека пред три месеци поднеле барање, но секторот за внатрешни работи не дал дозвола за поставување на семафори или за кружен тек. Според полицијата, дозвола не била издадена бидејќи прво требало да се постави сигнализација.

„Жално е како централната власт не ја интересира животот на граѓаните кај булеварот каде речиси секојдневно се случуваат несреќи. Јавноста треба да знае дека СВР Тетово е одговорна за поставување на семафори на Благоја Тоска. Сè е средено, ни треба само согласност од полицијата за поставување на семафорите, но не ја добиваме речиси три месеци“, рече Бесарта Рамадани, портпаролка на Општина Тетово.

„Што се однесува до барањето на општина Тетово, тоа е одбиено од причини кои и самите ги знаете. На оваа крстосница сообраќајот не е регулиран ниту со семафори, ниту со кружен тек поради тоа што СВР нема дадено согласност за пуштање во употреба на овој патен правец и за промена на режимот на сообраќај“, рече Фатмир Реџепи, портпарол на СПБ Тетово.

Сè додека проблемот не се реши, возачите и понатаму се соочуваат со опасност од сообраќајни несреќи кои можат да бидат и фатални.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button